Програмирање 9-3
Wednesday, October 8, 2025
Wednesday, October 1, 2025
Програмирање и програмски јазици
Компјутерите не работат ништо без некој да им каже што да прават. За компјутерот да направи нешто, мора да му се дадат инструкции – чекор по чекор.
Програма претставува множество (низа, листа) од инструкции за решавање на одреден проблем со компјутер.
Алгоритмите се поопшти и поапстактни од програмите. Еден алгоритам може да биде решен од човек или машина, или од двете. Програмата мора да биде извршена од компјутер. Врската помеѓу програма, алгоритам и податоци е дадена во формулата на NiklausWirth (автор на јазикот Pascal)
Програма = Алгоритам + Податоци
За да работат компјутерите потребни се програми. Програмите се напишани на јазици кои се специјално дизајнирани, со ограничено множество на инструкции. Овие јазици се наречени програмски јазици.
Програмски јазик е вештачки јазик и се користи за пишување програми, односно софтверот на компјутерот.
Компјутерско програмирање се дефинира како процес на создавање на компјутерска програма со користење на програмски јазик.
Во почетокот програмските јазици личеле и по логиката на програмирањето биле слични со ма шинскиот јазик (машинскиот јазик се состои од наредби кои се изразуваат само со нули и единици т.е. само со бинарни цифри). Тоа се симболички програмски јазици. Наместо да се учи мајчиниот јазик на компјутерот (машински јазик), развиени се виши програмски јазици кои имаат приказ на наредби слични на секојдневниот јазик. Пример: C++, PHP, Visual Basic, Java, Javascript, Python и др.
Луѓето кои ги креираат (пишуваат) компјутерските програми се викат програмери.
Wednesday, September 17, 2025
Monday, December 5, 2022
Етвининг проект „Ако бев боја, ќе бев плава затоа што...“
По повод 3ти декември- меѓународниот ден на Лицата со попреченост, ученици активни етвинери од 9то одделение се вклучија во етвининг проект „Ако бев боја, ќе бев плава затоа што...“ . Учениците изработуваа едноставни Scratch проекти и се вклучија во одбележување на овој ден. Целта е да се подига свеста кај учениците за нивните соученици со попреченост, да учат да ги гледаат различностите како придобивки бидејќи богатството на една средина се согледува преку различноста.
Tuesday, May 19, 2020
Насоки за часот на 19.05.2020 год.
Денес очекувам да ги презентирате Вашите проектни задачи! Подгответе се!
Линк за зоом ќе Ви испратам 30 мин. пред часот на ФБ групата IX-2 !!!



