По повод 3ти декември- меѓународниот ден на Лицата со попреченост, ученици активни етвинери од 9то одделение се вклучија во етвининг проект „Ако бев боја, ќе бев плава затоа што...“ . Учениците изработуваа едноставни Scratch проекти и се вклучија во одбележување на овој ден. Целта е да се подига свеста кај учениците за нивните соученици со попреченост, да учат да ги гледаат различностите како придобивки бидејќи богатството на една средина се согледува преку различноста.



